Филипче: „Имаме втор бран на Ковид-19 којшто е резултат на непочитувањето на мерките"

„Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што впрочем го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници", истакна Филипче

1430452
Филипче: „Имаме втор бран на Ковид-19 којшто е резултат на непочитувањето на мерките"

„Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што впрочем го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници", истакна министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Филипче денеска одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во земјата, а претходно денеска Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 180 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 2.790. егистирани се и два смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 149.

„Кластерската анализа на новодијагностицираните покажува следно: околу 15 семејства вкупно носат 90 процнети од новите случаи што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери. Има и нови спорадични случаи кои што не може да се поврзатесо овие семејства што е доказ дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надвор од овие кластери каде што е најголемата бројка и затоа остануваме максимално претпазливи", истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Тој изјави дека како резултат на непочитување на мерките земјата се соочува со втор бран на Ковид-19.

„Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што впрочем го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме во овие измиинатите денови, со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски носители и сакавме детално да видиме колку е тоа силно изразено", изјави Филипче.

Во последните 24 часа се направени 1.272 тестирања на Ковид-19, додека досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на овој вирус.

„Денеска имаме и највисок број на тестови во 24 часа така да со овој начин многу рано се идентификуваат носителите на вирусот. Затоа сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но ќе повторам остануваме максимално внимателни и претпазливи", рече Филипче.

Министерот за здравство на Северна Македонија додаде дека има оогромен број на асимптоматични случаи и со лесни симптоми но тоа, според него, не значи дека вирусот не е опасен бидејќи има и случаи на пациенти со тешки клинички слики.

На прес-конференцијата, министерот Филипче го изнесе ставот дека одлуката за актуелните рестриктивни мерки е оправдана, а Комисијата за заразни болести во овие два дена ќе направи детална анализа по што во недела ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори.

„Вирусот е тука, се шири, а непочитувањето на мерките, ќе значи продолжување на кризата", порача министерот Филипче.



Слични вести