Северна Македонија: Регистрирани 120 нови случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа во Северна Македонија се регистрирани 120 нови случаи на коронавирусот, како и 2 нови смртни случаи

1429653
Северна Македонија: Регистрирани 120 нови случаи со Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во последните 24 часа се регистрирани 120 нови случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.611, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Исто така, регистрирани се и 2 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 147.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. Со ова, бројката на оздравени пациенти е 1.621, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестирања на Ковид-19, додека досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на овој вирус.

Поради зголемениот број на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата, Владата на Северна Македонија согласно препораките на Комисијата за заразни болести, вчера донесе одлука за враќање на полицискиот час.

Забраната за движење стапува во сила денеска (4 јуни) од 21:00 часот, до понеделник (8 јуни) до 5:00 часот наутро, во Скопје – сите скопски општини, потоа во општините Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите други градови, полицискиот час ќе трае од денеска (4 јуни) од 21:00 часот, до утре (5 јуни) до 5:00 часот наутро. В петок, сабота и недела полицискиот час ќе почнува од 16:00 часот и ќе трае до следниот ден до 5:00 часот наутро.



Слични вести