Венко Филипче: Потврдени се 67 нови случаи со Ковид-19, вкупно 2.382; Почина уште 1 лице, вкупно 141

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на коронавирусот со што вкупната бројка на потврдени случаи на зараза изнесува 2.382, а почина уште 1 лице, досега вкупно 141

1428249
Венко Филипче: Потврдени се 67 нови случаи со Ковид-19, вкупно 2.382; Почина уште 1 лице, вкупно 141

Во Северна Македонија, во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.382.

На денешната прес-конференција министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, соопшти дека во последните 24 часа направени се 868 тестирања, и дека регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19.

Министерот Филипче информира дека e регистриран 1 смртен случаj предизвикан од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 141.

Денеска Институтот за јавно здравје, според министерот Филипче, регистрира 25 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.594.

Според министерот за здравство, во изминатите 24 часа во земјата направени се 868 тестирања.

Според тоа од почетокот на епидемијата во Северна Македонија реализирани се вкупно 31.170 тестови.

На прес-конференцијата, истакнувајќи дека до четврток ќе биде донесена одлука за евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја, Филипче рече дека Комисијата за заразни болести ги следи бројките на новозаболени пациенти, по што ќе следува донесување соодветни одлуки.

„Целиот овој изминат период состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување на пациенти, големиот број на слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери и сите други индикатори укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста“, нагласи Филипче.

Наведувајќи дека има суштинска разлика со првиот бран на Ковид-19, Филипче рече дека тогаш не сме знаеле што нè очекува, а дека сега имаме знаење, ресурси и надграден здравствен систем. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести