Северна Македонија: Седум починати, регистрирани нови 89 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 7 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 140

1427494
Северна Македонија: Седум починати, регистрирани нови 89 случаи на Ковид-19

Во Северна Македонија, во последните 24 часа потврдени се 89 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.315, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 7 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 140.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.569.

Во моментот бројот на активни случаи со вирусот во земјата изнесува 606.

Во последните 24 часа направени се 727 тестирања, со што во Северна Македонија од почетокот на епидемијата реализирани се вкупно 30.302 тестирања на Ковид-19.

Северна Македонија започна со олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а во вторникот беше целосно укинат полицискиот час.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја продолжи за уште 14 дена вонредната состојба, што беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во земјата.



Слични вести