Во Северна Македонија регистрирани 62 новозаразени и двајца починати од Ковид-19

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 62 новозаразени и двајца починати од Ковид-19, со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 2.226, а на смртните случаи на 133 лица

1426737
Во Северна Македонија регистрирани 62 новозаразени и двајца починати од Ковид-19

Во Северна Македонија, во последните 24 часа потврдени се 62 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.226.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 2 смртни случаи од вирусот, со што билансот на починати од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 133.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.552.

Во моментот бројот на активни случаи со вирусот во земјата изнесува 541.

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, со што во Северна Македонија реализирани се вкупно 29.575 тестирања на Ковид -19.

Северна Македонија започна со олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а во вторникот беше целосно укинат полицискиот час.

Вчера, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, ја продолжи за уште 14 дена вонредната состојба, што беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во земјата. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести