Турските државјани кои останаа во Северна Македонија поради пандемијата се враќаат во земјава

Турските граѓани кои денес ја напуштија Северна Македонија ќе останат во 14-дневен домашен карантин, а при влегување во Турција ќе потпишат изјава дека ќе се придржуваат кон условите

1426382
Турските државјани кои останаа во Северна Македонија поради пандемијата се враќаат во земјава

Како дел од турските операции за репатријација на своите граѓани што останале во други земји поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), два автобуса со вкупно 86 државјани тргнаа денес за Турција во организација на турската Амбасада во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претставниците на турската Амбасада во Скопје, кои беа присутни за да ги испратат турските државјани, информираа дека денес од Северна Македонија 86 државјани тргнуваат во својата татковина, кои прво ќе бидат испратени до границата меѓу Северна Македонија и Бугарија, а потоа со други автобуси ќе бидат испратени на граничниот премин „Капикуле“ меѓу Турција и Бугарија.

Од Амбасадата исто така информираат дека во организација на локалните власти во Едрене, сите турски државјани ќе го продолжат своето патување кон градот каде што живеат со автобусите на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Меѓу турските државјани имаше студенти и работници кои изразија благодарност што се враќаат во својата татковина.

„Останавме тука долго време и како што побаравме од нашата земја, таа нè враќа назад. Нека биде вечна нашата земја. Алах да биде задоволен. Им благодариме на сите што придонесоа, нашиот претседател, другите официјални лица“, рече Садик Тепебаш, кој работел во Северна Македонија.

Претставниците на Амбасадата велат дека турските граѓани што денес ја напуштија Северна Македонија ќе останат во 14-дневен домашен карантин, а при влегување во Турција ќе потпишат изјава дека ќе се придржуваат кон условите.

„Јас сум тука во Северна Македонија веќе шест месеци. Бевме блокирани поради вирусот. Сега ќе се вратиме во нашата земја со автобус. Благодарност за Република Турција што нè враќа назад“, рече студентот Фуркан Ероглу.

Потсетуваме дека под покровителство на турската Амбасада во Скопје, на 22 април, авион со 270 турски државјани замина од Северна Македонија за Турција.

Турција, под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во координација со турското Министерство за надворешни работи, врати над 70.000 свои државјани од 107 земји.



Слични вести