Во Северна Македонија бројот на починатите од Ковид-19 се искачи на 119 лица, а 2.039 се заразени

Во Северна Македонија бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 119 лица, на случаите на зараза на 2.039 од кои 450 се активни, а досега оздравеа 1.470 заболени пациенти од вирусот

1424622
Во Северна Македонија бројот на починатите од Ковид-19 се искачи на 119 лица, а 2.039 се заразени

Министерството за здравство на Република Северна Македонија сооопшти дека се потврдени нови 25 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се зголеми на 2.039.

Како што соопшти Министерството за здравство, потврдени се и три нови смртни случаи поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица поради овој вирус во земјата се искачи на 119.

Министерстовото информира Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 1.470, додека бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на овој вирус.

Според вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија, од утрово е укинат полицискиот час, со што целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести