Северна Македонија: По повеќе од два месеци почнаа со работа угостителските објекти

Угостителските објекти во Северна Македонија со одлука на Владата беа затворени на 13 март, како мерка против ширењето на Ковид-19

1425304
Северна Македонија: По повеќе од два месеци почнаа со работа угостителските објекти

Од денеска почнаа со работа угостителските објекти во Република Северна Македонија, кои пред повеќе од два месеци со владина одлука беа затворени како мерка против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Според одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 26 мај, од вчера е укинат полицискиот час, со што целосно престана важењето на одлуката за забрана и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, а од денеска со посебен протокол почнаа со работа угостителските објекти кои имаат отворени простори и тераси.

Како што стои во протоколот за отворање и работа на угостителските објекти објавен од страна на Владата, работното време на угостителските објекти ќе биде од 8:00 до 22:00 часот. Вработените во угостителските објекти кои послужуваат, задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце, а се дозволува работа само на отворените делови - терасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Угостителските објекти во Северна Македонија со одлука на Владата беа затворени на 13 март, како мерка против ширењето на Ковид-19. 

Според информациите на здравствените власти во земјата, вкупната бројка на потврдени случаи на Ковид-19 изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. 

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.



Слични вести