Протест на мигрантите во Грција поради завршувањето на програмата за добивање помош за сместување

Мигрантите одржаа протест со седење во грчкиот главен град Атина поради завршувањето на програмата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) преку која добиваат помош за сместување

1424682
Протест на мигрантите во Грција поради завршувањето на програмата за добивање помош за сместување

Мигрантите во Грција кои поради тоа што на крајот на овојмесец ќе заврши помошта за обезбедување сместување се соочуваат со опасност да останат без место за сместување, одржаа протест во главниот град Атина.

Програмата за доделување помош за семејствата бегалци при изнајмување простор за сместување во Грција се спроведува од страна на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) и сега со завршување на оваа програма мигрантите се соочуваат со опасност да останат без место за сместување во оваа земја, поради што вчера се собраа пред зградата кадешто се наоѓаат канцелариите на Европската унија (ЕУ) во главниот град Атина и одржаа протест со седење.

Приближно 200 мигранти извикуваа слогани „бараме место за сместување“ и побараа да биде продолжена програмата преку која добиваат помош за сместување.



Слични вести