Разрешен претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија на денешната седница со двотретинско мнозинство донесе одлука за разрешување на Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Eфенди Реџепи од функцијата претседател на Исламската верска заедница (ИВЗ)

1424524
Разрешен претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија денеска оддржа вонредна седница на која донесе одлука за разрешување на досегашниот претседател Сулејман Реџепи.

По седницата, изјава за медиумите даде гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху, кој што истакна дека на седницата биле присутни повеќе од 2/3 од членовите на Ријасетот на ИВЗ, а објасни дека одлуката се темели на Уставот на ИВЗ.

„До подготвување на условите за нови избори за претседател на ИВЗ, вршител на должноста се поставува хаџи хафиз Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија. Оваа одлука стапува во сила од моментот на донесувањето", рече Фетаху.

Тој исто така ги наведе и имињата на потпишаните, односно на членовите на Ријасетот кои што гласаа за разрешувањето на Реџепи, каде меѓу другото се муфтиите од Гостивар, Скопје, Тетово, Куманово, Струга, Кичево, Охрид; Деканот на Факултетот за исламски науки Шабан Сулејмани, како и координатори од другите муфтиства и други членови на Ријасетот на ИВЗ. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести