Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 116 лица, а 2.014 се заразени од кои 445 активни

Во Северна Македонија заедно со потврдени 3 нови смртни случаи бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 116 лица, на случаите на зараза на вкупно 2.014 од кои 445 се активни, а досега оздравеа 1.453 лица

1423906
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 116 лица, а 2.014 се заразени од кои 445 активни

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 3 нови смртни смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 116.

Министерството за здравство информира дека се регистрирани 16 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата се искачи на 2.014.

Исто така соопштено е дека се регистрирани 14 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.453.

Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 445.

Во изминатите 24 часа направени се 314 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се спроведени 25.841 тестирање.

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.

Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести