Северна Македонија: Потврдени 21 нов случај на Ковид-19, оздравени 17
Министерството за здравство информира дека не се регистрирани нови смртни случаи од Ковид-19, односно вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 113

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 21 нов случај на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.999, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека не се регистрирани нови смртни случаи од Ковид-19, односно вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 113.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 17 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.439.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 447.
Во изминатите 24 часа направени се 258 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 25.528 тестирања.