Порака со честитка од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски по повод Рамазан Бајрам

„Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите. Честит Рамазан бајрам“ - истакна претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам

1422579
Порака со честитка од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во земјата.

„Почитувани сограѓани, дозволете ми, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, да упатам најискрени честитки до граѓаните со исламска вероисповед, со желба да го поминете празникот во среќа, добро здравје и во хармонија со вашите најблиски“, истакна Пендаровски, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Пендаровски нагласи дека на крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакува сите молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош.

Претседателот на Северна Македонија посака овој празник да нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.

Тој рече дека оваа година, празникот Рамазан Бајрам го чествуваме во период кога не само Северна Македонија, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото, и додаде:

„Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина“.

„Празникот Рамазан Бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите. Честит Рамазан Бaјрам“, истакна Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Утре, на 24 мај, ќе биде одбележан муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести