Во Северна Македонија досега починаа 111 лица, а се регистрирани вкупно 1.898 случаи на зараза

Во Северна Македонија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега починаа вкупно 111 лица, а бројот на случаите на зараза во земјата изнесува 1.898 од кои 409 се активни

1421367
Во Северна Македонија досега починаа 111 лица, а се регистрирани вкупно 1.898 случаи на зараза

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 40 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус се искачи на 1.898.

Како што соопшти Министерството за здравство, потврден е и еден смртен случај од Ковид-19, со што бројката на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 111. Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 409.

Според соопштението, Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.378.

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања на Ковид-19, додека во земјата досега се направени вкупно 23.316 тестирања.

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.

Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести