Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 101 лице, а 1.792 се инфектирани од кои 398 активни

Во Северна Македонија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега починаа 101 лице, а вкупниот број на дијагностицирани пациенти од вирусот достигна до 1.792 од кои 398 активни

1419033
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 101 лице, а 1.792 се инфектирани од кои 398 активни

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 30 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.792.

Министерството за здравство информира дека починале уште 3 пациенти што имале Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 101.

Исто така соопштено е дека се регистрирани 26 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.293.

Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 398.

Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 21.436 тестирања.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, завчера прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.

Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести