Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 97 лица, 1.740 се инфектирани, а оздравеа 1.251 пациент

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Северна Македонија изнесува вкупно 97 лица, на регистрираните случаи на зараза 1.740 од кои 392 активни, а на оздравените вкупно 1.251 пациент

1418239
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 97 лица, 1.740 се инфектирани, а оздравеа 1.251 пациент

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 17 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.740.

Министерството за здравство информира дека се починати двајца пациенти кои имале Ковид-19, со што вкупниот број на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 97.

Соопштено е дека се регистрирани 16 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.251.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 392.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања.

Премиерот на Северна Македонија Оливер Спасовски, задвчера ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на Ковид-19, според кои, по речиси двомесечна пауза, се отвораат трговските центри - молови, без угостителските објекти во нив, се отвораат центрите за едукација, автошколите и спортските и другите обложувалници што работат преку шалтер.

Потсетуваме, на 18 март претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на предлог на Владата, прогласи вонредна состојба на целата територија во земјата поради ширењето на коронавирусот, која сè уште е во сила.

Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести