Бугарките најмлади мајки на ЕУ

Просечната стапка на возраста на жените кои првпат родија живо дете во Бугарија изнесува 26,2, во Романија 26,7, во Словачка 27,1 година

1418216
Бугарките најмлади мајки на ЕУ

Жените во Бугарија стануваат најмлади мајки меѓу земјите членки на ЕУ.

Европската агенција за статистика (Евростат) ги објави податоците за најраните пораѓања на живи деца согласно женската популација во 2018.

Според податоците, во 2013 година, просечната возраст на раѓање на жените изнесуваше 28,8 години, додека во 2018 оваа стапка се зголеми на 29,3 години.

Просечната стапка на возраста на жените кои првпат родија живо дете во Бугарија изнесува 26,2, во Романија 26,7, во Словачка 27,1 година.

Жените во Италија се највозрасни мајки меѓу земјите членки на ЕУ.

Просекот на првото породување на жените во Италија изнесува 31,2 годишна возраст.

По Италија со 31 годишна возраст следува Шпанија, со 30,9 Луксембруг, со 30,5 Ирска и со 30,4 Грција.

Просечната возраст на првото пораѓање на живи деца во Германија зинесува 29,7 години, во Франција 28,7, во Холандија 30, во Австрија 29,5, во Белгија 29.

Просечната стапка на првото породување на живо дете во Турција кај жените изнесува 26,3 години.



Слични вести