Во Северна Македонија од Ковид-19 досега починаа 95, оздравеа 1.229, а се инфектирани 1.694 лица

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа оздравеа уште 24 пациенти со што вкупниот број на оздравените заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 1.229

1416791
Во Северна Македонија од Ковид-19 досега починаа 95, оздравеа 1.229, а се инфектирани 1.694 лица

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се регистирани 20 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата изнесува 1.694.

Министерството за здравство информираше дека поради Ковид-19 починале три лица, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 95.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус се искачи на 1.229.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 370, информираше Министерството за здравство на Северна Македонија.

Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, вчера ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на Ковид-19, според кои од денеска, по речиси двомесечна пауза, се отвораат трговските центри - молови, без угостителските објекти во нив, се отвораат центрите за едукација, автошколите и спортските и другите обложувалници што работат преку шалтер.

Потсетуваме, на 18 март претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на предлог на Владата, прогласи вонредна состојба на целата територија во земјата поради ширењето на коронавирусот, која сè уште е во сила.

Полицискиот час во земјата трае од 19 до 5 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести