Турција им испрати медицинска помош на Северна Македонија и Албанија

Турција им испрати помош во медицински материјали на Северна Македонија и Албанија, а во рамките на борбата на овие пријателски и братски земји против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1415592
Турција им испрати медицинска помош на Северна Македонија и Албанија

Турција продолжува да им доставува помош во медицински материјали на земјите кои се погодени од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

По инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција со цел поддршка во борбата против Ковид-19 и испрати на Северна Македонија 75 илјади хируршки маски, 10 илјади нитрилни ракавици, 10 илјади заштитни комбинезони, 2 илјади заштитни наочари, 2 илјади маски „N149“, а на Албанија и испрати 75 илјади хируршки маски, 4 илјади нитрилни ракавици, 2 илјади заштитни комбинезони и 2 илјади заштитни наочари.

Подготвените медицински материјали од страна на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ беа натоварени на воен карго авион на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на воениот аеродром Етимесгут во Анкара кој потоа полета за Албанија и Северна Македонија.

Генералниот директор на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Ибрахим Алтан во дадената изјава за новинарите на церемонијата на испраќање на помошта истакна дека освен на Северна Македонија и Албанија им е испратена медицинска помош и на Доминиканската Република, Хаити, Полска и Молдавија.

Велејќи дека бројот на земјите на кои им е испратена медицинска помош од страна на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ се зголеми на 17 земји, Ибрахим Алтан рече: „Нашите организации за испраќање помош ќе продолжат. Со поддршка на нашиот народ ќе продолжиме да ја подаваме раката на Турција за доставување помош насекаде низ свет. Земјите кои бараат помош ѝ се заблагодаруваат на Турција.“



Слични вести