Испратената медицинска помош од Турција им е предадена на властите на Северна Македонија

Помошта во медицински материјали која по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од страна на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и е испратени на Северна Македонија, пристигна на аеродромот во Скопје

1415895
Испратената медицинска помош од Турција им е предадена на властите на Северна Македонија
Türkiye'den Kuzey Makedonya'ya Tıbbi Yardım 3.jpg
Türkiye'den Kuzey Makedonya'ya Tıbbi Yardım 2.jpg
Türkiye'den Kuzey Makedonya'ya Tıbbi Yardım 1.jpg
Türkiye k.makedonya yardım.jpg

Воениот кагро авион на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) натоварен со медицинска помош наменета за Северна Македонија за поддршка во борбата на оваа пријателска и братска земја против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пристигна во Скопје.

Авионот со медицински материјали кои по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од страна на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ беа испратени за Северна Македонија, на меѓународниот аеродром во Скопје беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, вршителот на должноста министер за труд и социјална политика на Северна Македонија Ѓонул Бајрактар, генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити, потсекретарот во министерството за образование и наука на Северна Македонија Енвер Хусеин, претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) Бејџан Илјас и други функционери.

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок му ја предаде медицинската помош испратена од страна на  Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ на генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити.

Во говорот што го одржа овде амбасадорот Секизќок истакна дека заканата од оваа епидемија во глобални рамки може да се надмине со ефикасна меѓународна соработка, помагање и солидарност.

Велејќи дека со ваквиот начин на сфаќање Турција доставува помош во медицински материјали на сите страни во светот, Секизкоќ рече: „Карго авионот на Турските воздухопловни сили којшто денеска пристигна во Скопје е вториот авион кој ѝ донесе помош во медицински материјали на Северна Македонија од Турција, во последниот еден месец, со која земја располагаме со коренити историски врски.  Медицинскиот материјал од овој авион го предавам на генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити. Помошта е одраз на добрата соработка и солидарноста помеѓу турски „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија. Исто така посакувам во Северна Македонија најскоро да заврши оваа епидемија и да се врати на старите денови.“

Вршителот на должноста министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар ја достави својата благодарност за доставената помош пред се  до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и до претседателот на Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Керем Киник и генералниот директор на „Кизилај“ Ибрахим Алтан.

Потсетувајќи на соработката помеѓу Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и Црвениот крст на Северна Македонија, Бајрактар рече: „За нас како Влада на Северна Македонија, ваквата помош навистина ни значи.“

Генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити, изјави дека се подготвени да ја прифатат хуманитарната помош од турски „Кизилај“ во име на Црвениот крст на Северна Македонија.

Саити рече дека дел од помошта ќе се дистрибуира до здравствените работници, дел за граѓаните и дел за екипите на Црвениот крст кои работат на терен.

„Испратената помош ќе биде од голема корист за нашата работа. Би сакал во оваа прилика да упатам голема благодарност до турската држава, до турската Полумесечина, наш партнер во оваа соработка и партнер кој досега нè покрива во многу наши активности“ - појасни Саити.

Велејќи дека секоја помош е добредојдена, а особено помошта што доаѓа од докажани пријатели, Саити рече: „Турската држава е докажан пријател на нашата држава. Турската Полумесечина исто така е докажан партнер на нашата организација и секако дека се надеваме дека оваа традиција, оваа позитивна практика ќе продолжи во иднина и во вакви ситуации и во мирни услови. Верувам дека ќе расте и ќе се проширува соработката помеѓу турски Кизилај и Црвениот крст на нашата земја.“

Доставената помош во медицински материјали од Турција на Северна Македонија  се состои од 75 илјади хируршки маски, 10 илјади нитрилни ракавици, 10 илјади заштитни комбинезони, 2 илјади заштитни наочари и 2 илјади маски N149.

Од страна на Турција на Северна Македонија и беше доставена медицинска помош и на 8 април.



Слични вести