Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Починаа 91 лице, 1.622 се заразени, а 1.112 излекувани

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во земјата изнесува 91 лице, на дијагностицираните случаи на зараза 1.622 лица, а досега оздравеа вкупно 1.112 пациенти

1414060
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Починаа 91 лице, 1.622 се заразени, а 1.112 излекувани

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа потврдени се 36 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата од почетокот на епидемијата достигна 1.622.

Според соопштението на Министерството, во изминатото деноноќие од вирусот починало едно лице, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 91.

Денес, Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти, а досега од вирусот излекувани се вкупно 1.112 пациенти.

Министерството за здравство соопшти и дека во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се извршени 18.821 тестирање. Бројот на активни случаи изнесува 419.

Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро. Во текот на викендите, почнувајќи од денес (09.5), во саботите и неделите, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести