Во Северна Македонија оздравеа уште 22 пациенти од Ковид-19: Вкупно 1.079 оздравени досега

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во изминатите 24 часа се оздравени 22 пациенти, а вкупниот број на оздравените од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се покачи на 1.079

1412944
Во Северна Македонија оздравеа уште 22 пациенти од Ковид-19: Вкупно 1.079 оздравени досега

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1.572 лица.

Исто така, од Министерството соопштуваат дека во последните 24 часа се оздравени 22 пациенти, а вкупниот број на оздравени се покачи на 1.079.

Според соопштението на Министерството за здравство, во изминатото деноноќие почина еден 70-годишен пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати изнесува 89, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Во изминатите 24 часа извршени се 332 тестирања, а досега во земјата се спроведени вкупно 18.168 тестирања на Ковид-19.

Поради пандемијата на Ковид-19 во Северна Македонија, претседателот на државата Стево Пендаровски, од 18 март прогласи вонредна состојба на предлог на Владата.

Со цел спречување на ширењето на вирусот на целата територија во земјата е воведен полициски час, кој во работните денови трае од 19:00 до 05:00 часот, а во време на викендите од 14:00 до 05:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести