Нем протест со празни столици во Грција

Во случај Владата не усвои одлуки со кои се ќе се поддржат сопсвениците на рестораните и кафетериите, тогаш постои голема веројатност да се затворат низа деловни простори

1412630
Нем протест со празни столици во Грција

Сопствениците на рестораните и кафетериите во Атина одржаа протест со „празни столици“ поради мерките коишто беа преземени против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На 4 мај беа укинати рестриктивните мерки во Грција како што се полицискиот час и забрана за движење на граѓаните низ земјата, беа отворени фризерските салони и книжарниците и некои други мали, додека на 1 јуни се очекува да се отворат и кафетериите и рестораните.

Соппствениците на кафетериите и рестораните одржаа протест со „празни столици“.

Сопствениците на деловните простори со донесување 150 празни столици од рестораните и кафетериите и поставување пред зградата на парламентот на плоштадот Синтагма, на владата и упатија јасна порака. Сопствениците изразија загриженост од иднината на професијата и неповолното влијание на професијата од Ковид-19.

Нашата професија беше изложена на неповолното влијание на Ковид-19 поради што од владата бараме да ги исплати кириите и да ја намали даночната стапка за 6 отсто, истакнаа сопствениците на деловните простори.

Претседателот на Федерацијата Јоргос Каватас во интервјуто за Агенцијата Анадолија (АА) рече дека во случај Владата не усвои одлуки со кои се ќе се поддржат сопсвениците на рестораните и кафетериите, тогаш постои голема веројатност да се затворат низа деловни простори.

Протестите со „празни столици“ беа одржани во голем број друг градови на Грција како што се Солун и Патрас.



Слични вести