Во Северна Македонија од Ковид-19 оздравеа 1.013 пациенти, 86 починаа, а има 1.526 случаи на зараза

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во земјата се искачи на 1.013 лица, 86 пациенти починаа, а 1.526 лица се позитивни на вирусот

1411441
Во Северна Македонија од Ковид-19 оздравеа 1.013 пациенти, 86 починаа, а има 1.526 случаи на зараза

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 21 излекуван пациент од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 1.013.

Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека едно лице починало од коронавирусот, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 86.

Во изминатите 24 часа потврдени се 8 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.526.

Во изминатите 24 часа спроведени се 185 тестирања, со што вкупниот број на извршени тестирања во земјата се зголеми на 17.544.

Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.

За време на викендите забраната за движење почнува од 15:00 часот во сабота, и трае до понеделник, до 5:00 часот наутро. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести