Во Северна Македонија вкупниот број на оздравените паценти од Ковид-19 се зголеми на 945

Министерството за здравство на соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 95 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 945

1409885
Во Северна Македонија вкупниот број на оздравените паценти од Ковид-19 се зголеми на 945

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 95 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 945.

Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека две лица починале од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 84.

Во изминатите 24 часа потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.511.

Во изминатите 24 часа спроведени се 249 тестирања, со што вкупната бројка на извршени тестирања во земјата се зголеми на 17.246.

Инаку, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука за празникот 1 Мај, односно петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето да почнува во 14:00 часот. 

Според соопштението од Владата, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро следниот ден. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести