Во Северна Македонија бројот на починатите од Ковид-19 се искачи на 81 лице, а досега оздравеа 807 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 81 лице, а на дијагностицираните пациенти на 1.494

1409094
Во Северна Македонија бројот на починатите од Ковид-19 се искачи на 81 лице, а досега оздравеа 807 лица

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 29 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата се искачи на 1.494.

Во изминатите неколку дена Министерството за здравство регистрира повеќе оздравени отколку заразени пациенти од Ковид-19.

Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата од овој вирус се искачи на 807.

Според соопштението на Министерстото за здравство, регистрирани се и 4 смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјата изнесува 81.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 16.798 тестирања.

Потсетуваме, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука, за празникот 1 Мај, односно денеска, сабота и недела, ограничувањето на движењето (полицискиот час) да почнува во 14:00 часот, а да завршува во 05:00 часот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести