Благодарност од премиерот на Косово Албин Курти до Турција за доставената медицинска помош

Премиерот на Косово Албин Курти го прими амбасадорот на Турција во Приштина Чагри Сакар на кого му се заблагодари на Турција за доставената помош во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1408352
Благодарност од премиерот на Косово Албин Курти до Турција за доставената медицинска помош

Премиерот на Косово Албин Курти и се заблагодари на Турција за доставената помош во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Курти го прими амбасадорот на Турција во Приштина Чагри Сакар.

Во објавеното соопштение од косовската Влада се истакнува дека на средбата остварена во пријателска и срдечна атмосфера премиерот Албин Курти го информира амбасадорот Сакар во врска со состојбата со новиот тип коронавиурс (Ковид-19) во земјата и му ја достави својата благодарност за доставената поддршка на Турција на Косово во борбата против епидмеијата. 

Во соопштението се вели дека амбасадорот Чагри Сакар пак, му се збалагодари на премиерот Курти за работите кои што се реализираат на чело со управувањето со состојбата во врска со Ковид-19.

Косовскиот премиер Алин Курти и амбасадорот на Турција во Приштина постигнаа согласност по прашањата на добрите односи помеѓу двете земји и стратешкото партнерство во економските инвестирања.

Инаку, воениот карго авион натоварен со медицинска помош којашто Турција им ја испрати на балканските земји со цел поддршка во борбата против епидмеијата на Ковид-19 на 8 април пристигна во Косово, а потоа минатата недела во главниот град Приштина пристигна и втората пратка помош со медицински материјали испратена за Косово.



Слични вести