Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 73 лица, има 1.442 случаи на зараза, а оздравеа 627 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Северна Македонија се зголеми на 73 лица, дијагностицирани се вкупно 1.442 пациенти, а досега оздравеа 627 лица

1407904
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 73 лица, има 1.442 случаи на зараза, а оздравеа 627 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се регистрирани 38 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус се искачи на 627.

Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека 2 лица починале од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 73.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера“, се вели во соопштението на ресорното Министерство.

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на Ковид-19.

„Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742“, соопшти Министерството.

Според соопштението од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие се направени 279 теста на Ковид-19, а досега во земјата се извршени вкупно 16.050 тестирања.

Инаку, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука, за празникот 1 Мај, односно петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето да почнува во 14:00 часот. Според соопштението од Владата, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5:00 часот наутро до 14:00 часот.

Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро следниот ден. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести