Бројот на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 65 лица, а 1.399 се инфектирани

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупниот број на починатите од Ковид-19 во земјата се зголеми на 65 лица, а на дијагностицираните достигна до 1.399

1406349
Бројот на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 65 лица, а 1.399 се инфектирани

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на починати пациенти во земјата се искачи на 65.

Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството, потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата достигна 1.399.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 53 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани пациенти од вирусот изнесува 553.

Министерството соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 289 теста, со што досега во државата извршени се вкупно 15.409 тестирања за Ковид-19.

Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час е на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.

За време на викендите забраната за движење почнува од 15:00 часот во сабота, и трае до понеделник, до 5:00 часот наутро. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести