Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 59 лица, а се дјагностицирани 1.367 позитивни случаи

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупниот број на починатите од Ковид-19 во земјата се искачи на 59 лица, а на дијагностицираните пациенти со вирусот достигна до 1.367

1405178
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 59 лица, а се дјагностицирани 1.367 позитивни случаи

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека од Ковид-19 починаа уште две лица, со што вкупната бројка на починати пациенти во земјата се искачи на 59.

Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството, потврдени се 41 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата достигна 1.367.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 37 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што бројот на излекувани пациенти од вирусот изнесува 374.

Министерството соопшти дека во изминатото деноноќие направени се рекордни 738 теста, со што вкупната бројка на тестирања за Ковид-19 во државата се зголеми на 14.758.

Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час ќе биде на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести