Симболот на Сараево осветлен во боите на знамето на Турција

По повод одбележувањето на 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, зградата на градското Собрание во Сараево синоќа беше осветлена во боите на знамето на Република Турција,

1404664
Симболот на Сараево осветлен во боите на знамето на Турција

Зградата на градското Собрание во Сараево синоќа беше осветлена во боите на знамето на Република Турција, по повод одбележувањето на 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, а воедно и јубилејната 100-та годишнина од основањето на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), јавува Агенција Анадолија (АА).

Еден од најголемите национални празници во Турција традицонално се одбележува со бројни манифестации на кои учествуваат деца од целиот свет. Меѓутоа, оваа година одбележувањето на празникот се случува во екот на пандемијата на Ковид-19 поради што нема масовни собири, како во претходните години.

Честитки на Турција и турските граѓани по повод овој празник пристигнуваат од бројни пријателски земји, меѓу кои од Босна и Херцеговина. Исто така, вечерва знамето на Турција сјаеше и на зградата на градското Собрание во Сараево (Вијеќница), една од најпознатите симболи на главниот град на БиХ.

Државниот празник на Денот на националниот суверенитет и денот на детето се одбележува на 23 април, на денот кога 1920 година е основано Големото народно собрание на Република Турција.



Слични вести