Во Северна Македонија од Ковид-19 досега починаа 56 лица, а се утврдени 1.300 случаи на зараза

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата не е регистриран смртен случај и дека досега од Ковид-19 починаа вкупно 56 лица, а вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 1.300

1404163
Во Северна Македонија од Ковид-19 досега починаа 56 лица, а се утврдени 1.300 случаи на зараза

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 29 излекувани пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани пациенти во земјата од овој вирус се искачи на 301.

Во изминатите 24 часа во земјата не е регистриран смртен случај, а досега од Ковид-19 починаа 56 лица.

Од Министерството исто така информираат дека се потврдени 41 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата изнесува 1.300.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста, со што досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања за Ковид-19.

Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок, ќе биде од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

За време на викендите забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести