Вкупниот број на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 55 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупниот број на починатите од Ковид-19 во земјата се искачи на 55 лица, а на дијагностицираните пациенти со вирусот порасна на 1.231

1402852
Вкупниот број на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 55 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија потврди еден нов смртен случај од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 55.

Министерството исто така соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 7 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата порасна на 1.231.

Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 излекувани пациенти, со што вкупната бројка на излекувани лица од Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 224.

Според соопштението од Министерството, во изминатите 24 часа направени се 207 тестирања за Ковид-19, со што во земјата од појавата на вирусот направени се вкупно 12.340 тестирања за вирусот. 

Потсетуваме, во Северна Македонија на сила се мерките за ограничување на движењето на граѓаните, со кои се ограничува слободното движење во текот на работните денови од 16:00 до 05:00 часот и за време на викендите со почеток од петок во 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот.



Слични вести