Во Северна Македонија бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 54

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата се искачи на 1.225

1402052
Во Северна Македонија бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 54

Министерството за здравство на Република Северна Македонија потврди три нови смртни случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 54, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството исто така соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата се искачи на 1.225.

Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 21 излекуван пациент, со што вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 200.

Според соопштението од Министерството, во изминатите 24 часа направени се 263 тестови, со што во земјата од појавата на вирусот направени се вкупно 12.133 тестирања за Ковид-19. 

Потсетуваме, Владата на Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок, 17 април, од 16 часот, до вторник, 21 април, до 05 часот, на територијата на целата држава, поради велигденските празници.



Слични вести