Протерана грчката крајбрежна стража која ги прекрши територијалните води на Турција

Во операцијата беа спасени 10 мигранти кои беа заточени во морето

1400916
Протерана грчката крајбрежна стража која ги прекрши територијалните води на Турција

Припадниците на Грчката крајбрежна стража кои ги прекршија територијалните води на Турција пред крајбрежјето на Баликесир, беа протерани од страна на припадниците на Турската крајбрежна стража.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Командатата на крајбрежната стража беше истакнато дека за спасување на чамецот со бегалците чиј мотор беше демонтиран и запленет од страна на припадниците на Грчката крајбрежна стража и повторно пуштен во вода и турнат кон територијалните води на Турција, беше назначен еден чамец на Турската крајбрежна стража.

На местото на настанот се наоѓаа 3 грчки поморски сегменти кои ги прекршија границите на територијалнте води на Турција поради што беше испратени уште 5 чамци на крајбрежната стража.

Во операцијата беа спасени 10 мигранти кои беа заточени во морето, додека грчките сегменти кои ги прекршија територијалните вди, беа протерани од турските територијални води.



Слични вести