Северна Македонија: Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 порасна на 1.170

Министерот Филипче соопшти дека денеска се регистрирани вкупно 25 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 164

1400789
Северна Македонија: Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 порасна на 1.170

Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата дијагностицирани се 53 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупниот број на потврдени случаи порасна на 1.170, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Филипче преку својот официјален профил на социјалните мрежи информира дека во изминатото деноноќие направени се вкупно 697 теста, со што вкупниот број на направени тестови во земјата од појавата на вирусот изнесува 11.556.

Министерот соопшти дека денеска се регистрирани вкупно 25 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во Северна Македонија порасна на 164.

Потсетуваме, Владата на Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок 17 април од 16 часот до вторник 21 април, до 05 часот, на територијата на целата држава, поради велигденските празници.



Слични вести