Претседателот на YTB Абдуллах Ерен одржа онлајн конференција пред студентите од Северна Македонија

Претседателот на Претседателството за турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) Абдуллах Ерен, во рамките на проектот „Младинска школа Мост-2020“ одржа онлајн конференција пред гимназијалците и студентите од Северна Македонија

1400488
Претседателот на YTB Абдуллах Ерен одржа онлајн конференција пред студентите од Северна Македонија

Здружението за култура, уметност и образование „Мост" (Ќопру) со седиште во Скопје, Северна Македонија во рамките на проектот „Младинска школа Мост-2020“ организира онлајн конференција  поддржана и од Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (YTB или ЈТБ).

На оваа онлајн конференција која се емитуваше и во живо преку социјалните медиуми учестуваа претседателот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен, координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ) Хусрев Емин, координаторот на Претседателството за Tурците во странство и роднински заедници (YTB) за Балканот Недим Аслан, потпретседателот на Здружението за култура, уметност и образование „Мост" (Ќопру) Мехмед Ариф кој воедно е и координатор на проектот  „Младинска школа Мост-2020“, како и голем број ученици и студенти.

Претседателот на Претседателството за турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) Абдуллах Ерен, во рамките на проектот одржа онлајн конференција пред гимназијалците и студентите од Северна Македонија на тема „Рефлексиите на пандемијата на Ковид-19 во светот и хуманитарните активности на Турција“.

Абдуллах Ерен истакна дека се вложуваат обиди да им се придаде многу поразлично (посебно) значење на Балканските простори и привлече внимание на тоа дека младите во балканските земји треба да ја интензивираат комуникацијата со младите во Турција и меѓусебно.

Велејќи дека чувствуваат големо задоволство од помошта на Турција на балканските земји во борбата против новиот тип коронавирус Ковид-19, Абдуллах Ерен подвлече дека како Претседателство за Турците во странство и роднински заедници (YTB) ќе продолжат да стојат покрај пријателска и братска Северна Македонија.

„Соработката меѓу младите од балканските земји е многу важна. Бидеќи ние имаме заедничко вкоренето минато. Вашите и нашите предци во минатото беа браќа. Затоа денес не постои некоја причина ние да не бидеме браќа“, рече Ерен.

Тој информираше дека студентите од Балканот се стипендирани од страна на Претседателството за Турците во странство и роднински заедници (YTB), а воедно поздравувајќи ја помошта на Турција за балканските земји го додаде следното: „Што се однесува до процесот во врска со Ковид-19, се надеваме дека ќе ја поддржуваме братска и пријателска Северна Македонија“.

Абдуллах Ерен го нагласи големото значење на балканскиот регион за Турција и рече: „Северна Македонија е земја која се стабилизира. Сепак, граѓаните во Северна Македонија треба да знаат дека процесите во врска со ЕУ и НАТО се важни, но важноста на Турција за Балканот и за Северна Македонија секогаш е поголема.“

Претседателот на Претседателство за Турците во странство и роднински заедници (YTB), Абдуллах Ерен во својот говор на онлајн конференцијата пред гимназијалците и студентите од Северна Македонија се посврна и на активностите на „YTB“ при што нагласи дека Турција долги години како следи политика којашто е фокусирана на човекот.

За младите кои  учествуваат во проектот „Младинска школа Мост“, а со цел развивање на сопствените лични вештини и способности, стекнување со различни искуства и знаења и за сзбогатување на својот социјален живот, во рамките на проектот ќе бидат приредени програми за читање книги, мисловни семинари и семинари по историја, за личен развој, кампови за образование, спортски активности и културни екскурзии и прошетки. 

 



Слични вести