Помош од Турција за Бошњаците во Санџак за борба против Ковид-19

Помошта составена од маски, заштитна облека, крпи, медицински апарти, машини за перење и сушење и други неопходни материјали и е предадена на формираната привремена болница во Нови Пазар

1400455
Помош од Турција за Бошњаците во Санџак за борба против Ковид-19

Испратената помош од страна на Платформата на пријателите на Санџак во Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пристигна во Нови Пазар, во областа Санџак кадешто во мнозинство живее бошњачко население, во Србија,

Помошта составена од маски, заштитна облека, крпи, медицински апарти, машини за перење и сушење и други неопходни материјали и е предадена на формираната привремена болница во Нови Пазар.

Претседателката на Бошњачкиот национален совет (БНВ) Јасмина Цуриќ истакна дека Бошњаците од Санџак никогаш нема да заборават за оваа испратена помош од Турција и го рече следното: „Овие времиња се времиња кога се познаваат вистинските пријатели на Санџак.“

Градоначалникот на Нови Пазар Нихат Бишевац во име на граѓаните и општината им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на Платформата на пријателите на Санџак во Турција и на сите доброволни донатори, за кои рече дека никогаш не заостануваат за помош на Санџак.

Како што се истакнува, поддршка на помошта којашто е собрана со организација на Платформата на пријателите на Санџак во Турција формирана од Бошњаците во Турција, е дадена од страна на голем број лица поединци и фирми доброволни донатори.



Слични вести