Во Северна Македонија бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 49 лица, а 1.117 се заразени

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипчеинформира дека вкупната бројка на починатите од Ковид-19 во земјата се искачи на 49, а на случаите на зараза на 1.117 лица

1400406
Во Северна Македонија бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 49 лица, а 1.117 се заразени

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче потврди три смртни случаи од новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 49.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје", напиша министерот Филипче во објава на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.

Министерот Филипче соопшти дека во изминатите 24 часа се регистирани 36 нови случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 1.117.

Според објавеното, денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 139.

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста, а досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

Потсетуваме, Владата на Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок 17 април од 16 часот до вторник 21 април, до 05 часот, на територијата на целата држава, поради велигденските празници.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера изјави дека ќе донесе нова одлука за прогласување вонредна состојба низ целата земја за борба против ширењето на Ковид-19. Првата одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава во траење од 30 дена, претседателот Пендаровски ја објави на 18 март. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести