Поддршка од Турција на проект за производство на маски и средства за дезинфекција во Санџак, Србија

Друштвото на жените Хатиџе од Санџак во Србија, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) произведоа 20 илјади маски, 250 сапуни и 250 средства за дезинфекција коишто му се раздадени беспланто на народот во областа

1398450
Поддршка од Турција на проект за производство на маски и средства за дезинфекција во Санџак, Србија

Турција достави поддршка на проектот за производство на маски и средства за дезинфекција којшто е започнат во Србија, а во рамките на борбата со справување со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Проектот е започнат од страна на Друштвото на жените Хатиџе кое делува во областа Санџак кадешто во мнозинство живее Бошњачко население, а е поддржан од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во рамките на проектот се произведени 20 илјади маски. 250 сапуни и 250 средства за дезинфекција коишто му се раздадени беспланто на народот во областа.

Претседателката на дрштвото Амила Лицина истакна дека посакале да придонесат во борбата против епидемијата на Ководи-19 и рече: „Со придонесите на ТИКА доброволно се вклучивме во производството на маски и средства за дезинфекција. За помошта и поддршката им се заблагодаруваме на турскиот народ и на ТИКА.“

Во рамките на проектот, жените членки на друштвото шијат маски со 5 шивачки машини обезбедени од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а воедно произведуваат и сапун и средства за дезинфекција со материјалите коишто им се обезбедуваат исто така од страна на  Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).



Слични вести