Бројот на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 45 лица

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата се искачи на 45 лица, а на лицата позитивни на вирусот на 974

1398902
Бројот на починатите од Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 45 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија потврди еден смртен случај од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 45.

„Во изминатите 24 часа регистрирани се 66 нови случаи позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 974 лица“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Со тоа, вкупната бројка на излекувани пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 98.

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста, а досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на Ковид -19. 

Потсетуваме, Владата на Северна Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок 17 април до вторник 21 април, на територијата на целата држава, поради велигденските празници. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести