Северна Македонија: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 44

Во изминатите 24 часа регистрирани се 54 нови случаи на вирусот. Според тоа, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 се искачи на 908

1398123
Северна Македонија: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 44

Министерството за здравство на Северна Македонија потврди 6 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 44, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството се наведува дека во изминатите 24 часа регистрирани се 54 нови случаи на вирусот. Според тоа, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 се искачи на 908.

Според Министерството, во последните 24 часа излекувани се 42 пациенти заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани се искачи на 86.

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста, и со нив вкупниот број на тестирања за Ковид-19 е зголемен на 9.262.

Владата на Северна Македонија вчера донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните за време на престојниот викенд, вклучително и понеделник, односно од петок 17 април до вторник 21 април, на територијата на целата држава, поради Велигденските празници.



Слични вести