Во Северна Македонија бројот на дијагностицирани со Ковид-19 се искачи на 828 лица
Досега се направени се 404 теста, со што вкупниот број на тестирања за Ковид-19 е зголемен на 8.057
1396710

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се искачи на 828 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство преку соопштение истоо така истакна дека во изминатото деноноќие направени се 404 теста, со што вкупниот број на тестирања за Ковид-19 е зголемен на 8.057.
Инаку, досега, од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Северна Македонија починаа 34 лица.