Во Северна Македонија вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 34 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со вирусот во земјата се зголеми на 760 лица

1396161
Во Северна Македонија вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 34 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија потврди два нови смртни случаја од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 34. Во изминатите 24 часа регистрирани се 49 нови случаи позитивни на вирусот, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 се искачи на 760.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 г.) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина новодијагностициран пациент (76 г.)“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19, и тоа најголем дел се од Скопје, Куманово, Штип и Прилеп. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 760 лица.

Според податоците на Министерството, досега најмногу случаи на коронавирусот се регистрирани во Скопје (297), Куманово (182), Прилеп (58), Дебар ( 49), Струга (33), Тетово (31), Штип (27), Велес (24) и Кочани (20).

Во изминатото деноноќие направени се вкупно 586 теста, а хоспитализирани се 29 лица потврдени и сомнителни на коронавирусот.

Потсетуваме, од средата во Северна Македонија стапија во сила нови мерки за ограничување на движењето на граѓаните, со кои се ограничува слободното движење во текот на работните денови од 16:00 до 05:00 часот и за време на викендите со почеток од петок во 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот Ковид-19. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести