ТИКА подели пакети со хуманитарна помош во Северна Македонија поради пандемијата на Ковид-19

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) започна да дели 2.500 пакети хуманитарна помош во Северна Македонија поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1395684
ТИКА подели пакети со хуманитарна помош во Северна Македонија поради пандемијата на Ковид-19

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) започна да дели 2.500 пакети хуманитарна помош во Северна Македонија поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Делењето на пакетите со хуманитарна помош, што содржат храна и основни средства за чистење и лична хигиена, ТИКА го спроведе во соработка со Здружението „Абдулхаким Хикмет Доган“ (АДЕКСАМ).

Делењето на пакетите започна во селото Долно Количани во Општина Студеничани, Скопско, а учество зедоа амбасадорот на Република Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, координаторот на ТИКА - Скопје, Ајтекин Ајден, Тахсин Ибрахим, претседател на Здружението АДЕКСАМ, и жителите на селото.

Амбасадорот Секизќок пред претставниците на медиумите рече дека се видливи првите показатели дека 2020 година од економски аспект ќе биде многу тешка година поради пандемијата на новиот тип коронавирус.

Истакнувајќи дека постои сериозен пад на вработеноста и приходите во домаќинствата на глобално ниво, амбасадорот Секизќок рече: „Се наоѓаме во време во кое е потребно развивање на солидарност и соработка меѓу сите земји. Пандемијата во Северна Македонија предизвика голем број семејства во земјата да се соочат со потешкотии во исполнувањето на минималните услови за живот. Денес вложуваме напори заедно со ТИКА преку невладините организации во Северна Македонија да поделиме пакети со хуманитарна помош во 116 населени места во 16 општини, а вашето село е нашата прва станица.“

Амбасадорот Секизќок рече дека во делењето на пакетите со хуманитарна помош предност ќе имаат старите лица, сирачињата, лицата со посебни потреби, хронично болните и сиромашните, додавајќи: „Во пакетите со помош, покрај храна и средства за чистење, има и средства за лична хигиена. Ви се заблагодарувам на сите. Особено им се заблагодарувам на ТИКА и невладината организација за вложениот труд во оваа добротворна организација.“

Координаторот на ТИКА - Скопје, Ајден, рече дека во соработка со Здружението АДЕКСАМ спровеле делење на пакети со храна и средства за чистење, при што особено внимание ѝ е дадено на онаа група семејства што се соочуваат со економски проблеми во овие денови, кога пандемијата на новиот тип коронавирус како заложник го зема целиот свет.

Истакнувајќи дека делењето на хуманитарната помош во Северна Македонија започнало од селото Долно Количани, координаторот Ајден рече: „Би сакал да кажам дека посебно задоволство претставува фактот што со учество на почитуваниот амбасадор, во Северна Македонија ќе поделиме пакети со хуманитарна помош, особено во местата каде што живеат нашите сонародници во време кога се приближува месецот на постот Рамазан. Затоа делењето на хуманитарната помош со учество на почитуваниот амбасадор ќе продолжи и следната недела и во западниот и во источниот дел од земјата.“

Координаторот Ајден информираше дека Турција, подавајќи ја раката на пријателство кон Северна Македонија, во земјата ќе подели 2.500 пакети со помош и додаде: „Пред два дена под покровителство на нашиот почитуван Претседател, во оваа земја пристигна авион со помош, полн со средства за хигиена и медицински материјали, кои почитуваниот амбасадор им ги предаде на надлежните органи во земјава. И денес ние како ТИКА, во соработка со АДЕКСАМ, во знак на поддршка започнавме да делиме пакети со помош на семејствата кои имаат потешкотии од економски аспект.“

Делењето на пакетите со помош, по селото Количани продолжи и во селото Пагаруша.

Пакетите со помош ќе бидат поделени во 116 населени места во 16 општини низ Северна Македонија, а ќе ги добијат сираците, старите лица, лицата со посебни потреби, хронично болните и сиромашните.

Делењето на пакетите со помош ќе продолжи и следната недела во селата од источниот и западниот дел на Северна Македонија.



Слични вести