Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 30 лица, а се утврдени вкупно 633 случаи на зараза

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 663 лица

1394944
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа 30 лица, а се утврдени вкупно 633 случаи на зараза

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на Ковид-19 (коронавирусот). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 663 лица.

„Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.  Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица", се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.

Според местото на живеење, досега најголем број случаи на Ковид -19 се регистрирани во Скопје – 273, Куманово - 143 и Дебар – 49. По овие градови, следуваат Прилеп во кој се регистирани 46 случаи, во Тетово и Струга по 30,  Кочани - 19, Велес -18, Битола - 8,  Гостивар, Гевгелија и Радовиш по 4 случаи, Охрид, Кавадарци, Крива Паланка и Крушево по 3 случаи, Струмица - 2 и во Пробиштип 1 случај.

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста на Ковид-19, а досега вкупната бројка тестирања на овој вирус во земјата изнесува 6.571.

„Починатата родилка од Куманово (која имаше 27 години), за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје", се додава во соопштението.

Министерство за здравство вчера соопшти дека се регистирани 4 смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 30.

Вкупната бројка на излечени пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 37. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести