Пендаровски оствари телефонски разговор со Ердоган

Двајцата претседатели изразија задоволство од одличните билатерални односи

1394834
Пендаровски оствари телефонски разговор со Ердоган

Денес претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Пендаровски на разговорот во името на граѓаните на Северна Македонија и во свое лично име му се заблагодари на претседателот Ердоган за помошта во медицинска опрема која што Република Турција и ја испрати на Македонија. Пендаровски во оваа прилика потенцираше на значењето на сојузништвото и солидарноста во текот на борбата против Ковид-19.

Пендаровски изрази сочувство за граѓаните кои умреа од Ковид-19, а на оздравените им посака што побрзо да оздрават, а исто така ја изрази и спремноста на Македонија за поддршка на Турција во борбата против Ковид-19.

„На разговорот, претседателот Ердоган го информирав за состојбата во Македонија и справувањето со Ковид-19 како и отстранувањето на последиците на епидемијата. Исто така потенцирав на предизвиците со кои државата се очекува да се соочи во сферата на економијата и значењето на силните економски врски меѓу двете држави.“

Двајцата претседатели изразија задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодари на претседателот Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на Алијансата.



Слични вести