Северна Македонија и Бошњаците од Санџак побараа помош од Турција во справувањето со коронавирусот

Северна Македонија и Бошњаците од Санџак во Србија побараа помош и поддршка од Турција во справувањето со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1392360
Северна Македонија и Бошњаците од Санџак побараа помош од Турција во справувањето со коронавирусот

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, денеска се состана со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој допатува во работна посета на Скопје.

По средбата, двајцата министри одржаа заедничка прес конференција.

Министерот Никола Димитров, потсетувајќи на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус Ковид-19 рече дека Северна Македонија побарала помош и поддршка за справувањето со ширењето на коронавирусот, за што разговарал и со свои колеги, како и преку механизмите на НАТО и Европската унија (ЕУ), а во врска со што истакна дека на некои од барањата било одговорено позитивно, а на некои се чекало одговор.

Димитров, информира дека била побарана помош и од Турција и дека претседателот на Реџеп Тајјип Ердоган ќе и испрати помош за Северна Македонија во борбата за справување со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Тој рече: „Доцна синоќа добивме информации од кабинетот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и бевме известени за помош во маски, заштитни одела и тестови. Денеска тоа официјално ќе се најави.“

Во меѓувреме, помош од Турција за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус побара и Бошњачкиот национален совет кој делува во областа Санџак кадешто во мнозинство живее бошњачко население, во Србија. 

Бројот на смртните случаи во Србија се зголеми на 51 лице, а на случаите на зараза на 1.908, поради што Бошњачкиот национален совет (БНВ) испрати писмо до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за формирање на привремена болница и места за карантин за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се шири и во областа Санџак. 

Во писмото се укажува на тоа дека Турција е доста развиена земја во сферата на здравството и се нагласува дека во најскоро време се очекува помош и поддршка од Турција во медицински материјали и здравствени екипи.

Во писмото се вели дека во Санџак има 22 дијагностицирани пациенти со Ковид-19 и се истакнува следното: „Здравствениот центар во Нови Пазар со целата своја екипа е спремен за борба против епидемијата. Со ваша помош сакаме да им обезбедиме поквалитетна услуга на нашите заразени пациенти.  Заболените лица во Санџак треба да се сместат во овдешните болници.“

 

 

 



Слични вести