Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Северна Македонија се зголеми на 13 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 13 лица

1390954
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Северна Македонија се зголеми на 13 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека пациентот од Куманово на возраст од 70 години кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од коронавирус (Ковид-19). Со ова вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 13.

„За овој пациент, Министерството за здравство информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со ново дијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на Ковид-19. Неговиот резултат позитивен на Ковид-19 пристигна попладнево, а овој случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ќе биде евидентиран во утрешниот извештај", се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.

Во соопштението се наведува дека пациентот беше донесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со тешко дишење и ниска сатурација, а од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост. Другиот починат пациент, според ресорното министерство е на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Министерството за здравство на Северна Македонија денеска соопшти дека се регистрирани 46 нови случаи на Ковид-19 во земјата. Со ова вкупната бројка на досега дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 430 лица.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома, со што вкупната бројка на излекувани пациенти се искачи на 20.

Според соопштението од ресорното Министерство, во изминатото деноноќие се направени 389 теста, со што досега во земјата се направени вкупно 4.506 тестирања на Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести