Расте бројот на заразени од Ковид-19: Потврдени 384 случаи во Северна Македонија

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица

1390177
Расте бројот на заразени од Ковид-19: Потврдени 384 случаи во Северна Македонија

Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Според податоците објавени од Министерството, од вкупно 384-те случаи, 17 пациенти се излекувани, а во земјата се регистрирани 11 смртни случаи од коронавирусот.

Во соопштението на Министерството се вели дека од 30-те нови случаи, 12 се од Скопје, 9 од Прилеп, 8 од Куманово и еден случај е регистриран во Крива Паланка.

Министерството за здравство исто така информира дека во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега во земјата се направени 4.117 тестирања на Ковид-19.

Потсетуваме, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21:00 до 05:00 часот.

Исто така, во деновите на викендот, во сабота и недела, забрането е движење на населението од 16:00 часот до 05:00 часот наутро.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот.



Слични вести